Connect with us

Арсенал тргна по Бењамин Шешко, започна преговори со Лајпциг

Арсенал официјално започна преговори со Лајпциг за ангажман на словенечкиот напаѓач Бењамин Шешко. Новиот спортски директор на „топчиите“, Андреа Берта, неодамна одржал разговор со својот колега од германскиот клуб, Марсел Шефер.

Сè уште не е познато дали Арсенал ќе може да го покрие целосниот финансиски пакет за трансферот на 21-годишниот голгетер. Во моментов, двете страни ги разгледуваат опциите за структурата на плаќањето.

Откупната клаузула во договорот на Шешко изнесува над 80 милиони евра, а напаѓачот има договор со Лајпциг уште пет години.

Во минатата сезона, Шешко постигна 21 гол на 45 настапи за „биковите“, што го прави еден од најбараните млади напаѓачи во Европа.

Арсенал има интерес и за шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон, но приоритет останува трансферот на Шешко.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови