Connect with us

Арсенал на лето го купува голгетерското чудо на Аталанта

Англискиот премиерлигаш Арсенал на лето планира да испрати понуда за напаѓачот на Аталанта, Расмус Хојлунд. Данскиот напаѓач прејде во Аталанта во август во трансфер вреден 15 милиони фунти.


20-годишниот фудбалер веднаш влезе во стартниот тим на Гасперини пред Дуван Запата и Луис Муриел.

Хојлунд постигна еден гол во Серија А пред паузата за Светското првенство, но од продолжението на сезоната има вкупно пет гола во последните осум првенствени настапи.

Арсенал на лето планира да направи сериозна понуда за Аталанта. „Топчиите“ го следеле Хојлунд за време на победата на Аталанта над Лацио од 2-0 на почетокот од овој месец.

За Данецот е заинтересиран и Реал Мадрид како потенцијален наследник на Карим Бензема.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови