Арсенал оствари убедлив триумф (2-5) на гостувањето кај Вест Хем и се доближи на шест бода негатива во однос на лидерот Ливерпул, кој утре го игра големото дерби против Манчестер Сити.
„Точиите“ постигнаа пет гола во првиот дел и го решија победникот. Габриел го отвори резултатот во десеттата минута, Тросар зголеми на 0-2, а потоа стрелаа и Одегард и Каи Хаверц.
Вест Хем возврати со два гола, преку Ван-Бисака и Емерсон, но Букајо Сака од пенал погоди за 2-5 пред одморот.
Во првото полувреме беа постигнати седум гола, а во второто ниту еден, па Арсенал лесно ги освои трите бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













