
Англиските премиерлигаши Арсенал и Милан ќе влезат во трансферна битка за ангажманот на Марко Ансенсио. На крилниот напаѓач на Реал Мадрид му истекува договорот и речиси сигурно ќе си замине ова лето, откако двете страни не успеаја да се договорат за нов договор.
27-годишниот фудбалер, кој пред години важеше за еден од најголемите таленти во шпанскиот фудбал, сака да замине во тим каде што може да биде редовен стартер, нешто што никогаш не можеше да го реализира како амбиција кај „кралевите“.
Микел Артета планира сериозно да го засили својот тим за да продолжи да се гради и во следната сезона „топчиите“ повторно ќе му претставуваат сериозен предизвик на Манчестер Сити за титулата во Премиер – лигата.
Истото важи и за Милан кој ја немаше најсилната сезона и му ја предаде титулата во Серија А на Наполи. Ситуацијата околу Асенсио ја следи и ПСЖ, но парижаните сѐ уште не одлучиле дали да достават понуда за играчот, бидејќи во моментов имаат други приоритети за нивната летна селекција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
