Барселона и Араухо имаат иста желба за продолжување на соработката. 23-годишниот стопер од Уругвај се согласи со условите на Барселона и ќе потпише нов договор до летото 2026 година.
Младиот дефанзивец имаше договор до летото 2023 година и Барселона сакаше да го врзе на дополнителни три години. Ова е само продолжение на добрата политика на Барселона во последно време, а следен кој треба да потпише нов договор е Гави.
Претходно, договорите лани ги потпишаа Ансу Фати и Педри, кои исто како и Араухо во новиот договор имаат отштетна клаузула од една милијарда евра.
Араухо претходно категорично ја одби понудата на Барселона за нов договор, но потоа преговорите влегоа во позитивна насока и овој млад дефанзивец во иднина ќе биде една од важните алки во тимот на Чави.
Барселона е во серија победи во Ла Лига, изби на второто место иако беше деветта кога ја презеде Чави, додека во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа синоќа ремизираше во Франкфурт против Ајнтрахт (1-1), но реваншот ќе го игра на „Камп Ноу“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Конте неочекувано си земал одмор од Наполи
Млади репрезентации
Ангелов пред дуелот со Шведска: Да извлечеме максимум од нашите можности
Евро-фудбал
Левандовски на зима ја напушта Барселона?
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













