Connect with us

АП Брера е лидер во Младинската Супер лига, соседското дерби за Македонија ЃП

На две кола пред крајот на првиот дел од сезоната во Младинската Супер лига, АП Брера има 37 бода четири повеќе во однос на градските ривали Вардар и Работнички додека Македонија ЃП е четврта со 28.

Струмичани во 13. коло што се одигра викендов како гости ја совладаа Струга Трим Лум со 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Игор Ристов.

Работнички во неизвесен натпревар славеше во Штип, совладувајќи ја Брегалница со 4:3.

Головите за гостите од Скопје беа дело на Петар Трајановски, Беркај Шаини, Игли Хасани и Марко Стефановски додека за домаќинот прецизни беа Филип Чичев, Ненад Малинов и Петар Давитов.

Вардар беше убедлив во соочувањето со Скопје и триумфираше со 5:1. Головите за Вардар беа дело на Мартин Јанчевски, Марио Маркулев, Никола Ристевски, Христијан Јевтоски и Иво Марковски додека погодокот за Скопје го постигна Ахмед Суљковиќ.

Македонија ЃП со 4:0 го совлада соседскиот ривал Њу Старс. Сите погодоци беа постигнати во вториот дел, а во листата на стрелците се запишаа Марио Костиќ, Трајче Талевски, Марко Младеновиќ и Бесмир Исмани.

Во останатите натпревари Шкупи славеше над Тиквеш со 6:1, Охрид Лихнидос и тетовска Шкендија играа без победник 1:1, Тетекс го совлада Пелистер со 3:1 додека Арсими забележа победа од 1:0 во дуелот против Башкими.

Следната рунда во младинскиот шампионат се игра на втори и трети декември

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови