Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски со добро проверени сили ќе стартува во Ц лигата од Лигата на нации, на натпреварите против Ерменија (5. септември во Скопје) и Грузија (8. септември во Тбилиси).
“За натпреварите против Ерменија и Грузија се повикани фудбалери на кои сметав подолг период и на претходните натпревари. Поради повреда нема да сметаме на Тихомир Костадинов, а Ферхан Хасани ќе недостасува заради „Covid” ограничувањата во Финска. Даниел Аврамовски има пријавено повреда, но е вклучен во составот и ќе допатува во Скопје каде што ќе му бидат извршени прегледи од страна на нашиот медицински тим, се надевам дека ќе биде во ред” – вели Ангеловски притоа дополнувајќи:
“Овие фудбалери на македонската репрезентација веќе подолг период остваруваат одлични резултати, трето место во квалификациите за ЕП, прво место во групата од Лига на Нации, пласман во бараж за Европско првенство и очекувам согласно нивниот квалитет да продолжиме со позитивни игри и резултати, а се со цел да ги израдуваме нашите верни навивачи кои ќе ни недостасуваат на овие натпревари. Овие два натпрeвари од новото издание на Лига на Нации, покрај резултатскиот императив ни се добредојдени и за последна проверка во пресрет на натпреварот против Косово на 8. октомври”.
СПИСОКОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА НАТПРЕВАРИТЕ СО ЕРМЕНИЈА И СО ГРУЗИЈА:
ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дејан Илиев (Арсенал, Англија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар);
ОДБРАНА: Висар Муслиу (МОЛ Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон, Португалија), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија), Кристијан Тошевски (Тирана, Албанија);
СРЕДЕН РЕД: Енис Барди (Леванте, Шпанија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Бобан Николов (МОЛ Фехервар, Унгарија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Езџан Алиоски (Лидс Јунајтед, Ангелија), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Даниел Аврамовски (Кајзериспор, Турција);
НАПАД: Горан Пандев (Џенова, Италија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Илија Несторовски (Удинезе, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Крсте Велкоски (Сарајево, БиХ), Влатко Стојановски (Шамбли, Франција).
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski