Украинскиот голман на Реал Мадрид, Андриј Лунин, е сè поблиску до заминување од клубот во летниот трансферен период, тврди „АС“. 26-годишниот чувар на мрежата не е задоволен од статусот на втор избор зад Тибо Куртоа и не планира да ја прифати резервната улога и следната сезона.
Како можна дестинација се споменува турскиот шампион Галатасарај, кој е во потрага по нов голман откако искусниот Уругваец Фернандо Муслера го напушти клубот.
Реал Мадрид нема да стои на патот на трансферот – клубот е подготвен да се раздели со Лунин доколку пристигне понуда од најмалку 20 милиони евра.
Во исто време, медиумите во Шпанија пишуваат дека „кралскиот клуб“ веќе воспоставил контакт со голманот на Еспањол, Жоан Гарсија. Според истите извори, 24-годишниот Шпанец добил информации дека ќе може да му се приклучи на тимот веднаш штом Лунин го напушти „Сантијаго Бернабеу“.
За Гарсија е заинтересирана и Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













