Македонската фудбалска легенда, Андон Дончевски, денеска во Кичево ја посети најмладата репрезентација на Македонија до 15 години предводена од Раде Каранфиловски.
Првиот селектор на А-репрезентацијата на Македонија им посака многу среќа и успех на младите репрезентативци, советувајќи ги дека дресот со државниот грб е нешто најсветло и најважно и дека секогаш е чест и голема гордост да се носи националниот дрес и да се бранат боите на репрезентацијата.
Репрезентацијата на Македонија до 15 години од 5 до 9 април беше на тренинг камп во Кичево каде што се подготвуваше за претстојниот меѓународен турнир што ќе се одржи во Италија.
Меѓународниот контролен турнир во Италија ќе започне на 25. април и ќе трае до 1. мај.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













