Карло Анчелоти не го криеше своето разочарување по драматичниот пораз на Реал Мадрид со 2-3 од Барселона во финалето на Купот на Кралот. „Кралскиот клуб“ беше скршен во последните минути од продолженијата со голот на Жул Кунде.
„Беше добар натпревар. Првото полувреме беше тешко за нас, но по паузата ја презедовме контролата и бевме блиску до успехот. Вложивме многу напор, немам за што да му замерам на тимот“, изјави Италијанецот по завршувањето на мечот.
Анчелоти призна дека ако Реал победеше, тоа немаше да биде изненадување, бидејќи неговиот тим доминирал во второто полувреме. Тој го објасни и решението да го внесе Килијан Мбапе по паузата.
„Мбапе не можеше да игра 90 минути. Затоа го внесовме кога темпото опадна. Влезе силно и го израмни резултатот. Тажно е што не успеавме да го освоиме трофејот, но тимот се претстави онака како што очекував“, додаде тренерот на мадридскиот клуб.
Овој пораз е особено болен за Анчелоти, кој за првпат во својата кариера на клупата на Реал Мадрид бележи 13 порази во една сезона – шест во Лигата на шампионите, пет во Ла Лига и по еден во Купот на Кралот и Суперкупот на Шпанија.
Покрај тоа, Италијанецот повторно загуби во дуел со Ханси Флик, кој го совладува третпат по ред. И покрај разочарувањето, Реал Мадрид ја продолжува борбата за титулата во Ла Лига, каде што заостанува четири бодови зад Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













