Connect with us

Анчелоти ќе го напушти Реал и ќе го преземе Челси?

Карло Анчелоти многу веројатно ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната, без разлика какви ќе бидат резулатите на тимот во Лигата на шампионите и Купот на Кралот, две натпреварувања во кои мадриѓаните сѐ уште се во игра за трофејот.


За искусниот Италијанец се шпекулираше дека ќе ја преземе репрезентацијата на Бразил, но според „ЕСПН“, поверојатно е негово враќање во Англија, каде ги водеше Челси и Евертон.

И овојпат Анчелоти би го презел Челси, а сопствениците на клубот сериозно сакале да го доведат освојувачот на четири ЛШ во Лондон.

Седум кандидати се во опција за оваа работа, а Анчелоти најмногу одговара на моделот што сакаат да го вратат во Челси – тренерот макисмално да соработува со техничкиот директор.

Искусниот Италијанец работеше во тој модел во текот на целата своја кариера и беше повеќе од успешен.

Анчелоти беше во Лондон две сезони – од 2009 до 2011 година и освои три трофеи – Премиер – лигата, ФА Купот и Суперкупот на Англија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови