
Tренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, изјави дека по убедливиот пораз од Бенфика, тимот мора да се опорави физички и психички, како и да ja претвори „лутината“ во позитивна енергија.
„Откако стигнавме до 1-1, натпреварот можеше да биде поинаков, но потоа направивме пенал. Сега треба да ја обновиме физичката и пред се психичката енергија, за да завршиме на добар начин пред паузата за СП. Мораме да видиме што се случи и да го претвориме гневот во позитивна енергија“, изјави Алегри по синоќешниот пораз од Бенфика и елиминацијата од ЛШ.
Со таа победа Бенфика обезбеди пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите, а Јувентус во последното коло ќе се бори за пласман во нокаут фазата од Лигата на Европа.
Алегри додаде дека Бенфика играла многу брзо на почетокот, а неговиот тим покажал квалитет во вториот дел.
„Во вториот дел покажавме за што сме способни, но тогаш веќе губевме. Сега треба да ја преболиме елиминацијата, која боли, да размислуваме за првенството и следната среда да обезбедиме пласман во Лига Европа. Би сакале следната среда да одиграме друг тип на натпревар. Младите кои играа почнуваат да стекнуваат искуство, имаат ентузијазам и немаат страв, тоа е добро за нас“, заклучи Алегри.
Во последното коло Јувентус го пречекува ПСЖ, додека Бенфика гостува кај Макаби.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
