Connect with us

Ал-Наср ќе го купи и Н’Голо Канте?

Ал-Наср од Саудиска Арабија подготвува сериозен шок во светот на фудбалот. Потписот на Кристијано Роналдо е сѐ поблиску, но тој нема да биде единственото атрактивно засилување во 2023 година.


Како што објави францускиот новинар Сани Ауна, Ал Наср сака да го доведе Н’Голо Канте (31).
Фудбалерот од средниот ред на Челси во последните години имаше проблеми со повредите, поради кои не настапи на Светското првенство во Катар, но Ал-Наср верува дека може да им помогне да ги постигнат своите цели на теренот и надвор од него.

Договорот на Канте со лондонскиот клуб истекува на крајот од сезоната, кога би можел да замине на Блискиот Исток. И покрај желбата да остане во Англија, самиот фудбалер не ја исклучува можноста да се пресели во Саудиска Арабија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови