Connect with us

Акраповиќ: Ќе го мотивирам тимот, Шкендија има шампионски квалитет

Бруно Акраповиќ е именуван за нов тренер на Шкендија. Тој потпиша договор на една сезона, со опција за продолжување на соработката доколку и двете страни се задоволни. Тој верува дека можe да го мотивира тимот во пресрет на стартот на сезоната во Првата лига, со оглед дека квалитет во тимот има со сигурност.

„Доаѓам со позитивен впечаток, имам многу пријатели овде што ги напуштив и кои повторно ги среќавам. Задоволство е да се гледаат пријатели и плус да се комбинира ова со работата и убавите моменти на фудбалот, задоволството е големо. Позитивно сум ориентиран и гледам позитивно кон иднината. Мислам дека ќе имаме добри резултати. По елиминацијата на овие последни натпревари треба да ставиме акцент на мотивацијата на играчите, на враќање во ритам за да можеме да го покажеме квалитетот што сигурно го имаат. Почнува сезоната и ќе се обидеме да бидеме на потребното ниво и да го задоволиме интересот на јавноста и интересот на спонзорот“, изјави Бруно Акраповиќ по враќањето на клупата на Шкендија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови