Connect with us

Ако се штедевме за Велс – добро, ако не…не чини, без голови со Летонија

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра реми без голови на пријателскиот натпревар против Летонија во Скопје. Ако се штедеа дел од силите за важниот квалификациски меч против Велс во Кардиф, тогаш и да не замериме премногу, но во секој случај, не чини кога нема да победиме противник кој досега секогаш бил поразен во пресметките со Македонија.

Селекторот Благоја Милевски изведе комбиниран тим, Елмас и Миовски, заедно со Трајковски добија шанса во второто полувреме, но реалноста е дека Македонија беше без доволно креација и не беше премногу опасна кон противничкиот гол.

Во 14.минута, Милан Ристовски одлично се ослободи од својот чувар, шутираше од 25 метри, но голманот на Летонија, Рихард Матревичс, успеа да одбрани.

Македонија можеше до водство во 29.минута, кога Тихомир Костадинов упати удар со глава од десетина метри, но летонскиот голман повторно добро интервенираше.

Во 38.минута и Летонија имаше одлична шанса. Гутковскис зафати волеј во петерецот, но Столе Димитриевски покажа неверојатен рефлекс и одбрани со нога.

Само две минути подоцна, Барди шутираше од 18 метри, а топката од блокот за малку ќе го надмудреше Матревичс.

Елиф Елмас првата закана ја имаше во 67.минута, со удар од 20 метри, но не беше тоа премногу опасно по голот на Летонија.

Три минути подоцна, Јанис Икануиекс шутираше од 20 метри и ја погоди гредата од голот на Столе Димитриевски.

На крајот, реми без голови на тестот со Летонија, и секако очекуваме да биде многу пожестоко, но и од наша страна подобро, на дуелот против Велс во Кардиф.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови