Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, без сомнение, ќе биде подготвен за европскиот предизвик на Динамо Загреб против Викторија Плзен. Адеми заработи повреда на рамота на првенствениот дуел на „модрите“ против Истра но сега, како што вели, се чувствува добро и покрај малите болки…
„Да, се уште чувствувам мала болка во рамото, но нема никакви проблеми. Можев да го продолжам мечот со Истра, така да сигурно ќе бидам на располагање на тренерот и за мечот против Викторија Плзен“ – вели Адеми, кој и тоа како е добро познат како голем борец и на теренот и надвор од него.
Лекарот на Динамо, Божидар Шебечиќ, како што е познато, му го намести изместеното рамо на Адеми на сред натпревар. Ова е вторпат во краток период како Адеми има проблеми со рамото. Од лекарскиот тим на хрватскиот шампион тврдат нема да биде потребна никаква хируршка интервенција, но македонскиот фудбалер ќе биде максимално подготвен за секој следен предизвик.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













