Фудбалската репрезентација на Македонија постигна огромен успех со пласманот во баражот на мундијалските квалификации и се наоѓа на две чекори до СП во Катар. Аријан Адеми поради повреда не можеше да игра за Македонија во завршницата на квалификациите, но сите се надеваме дека ќе биде еден од предводниците во битката во баражот.
„Навивав дома, бев пресреќен кога се беше готово. Не само што сум среќен, туку сум и горд. Тоа е голема работа за цела Македонија. Во репрезентацијата има многу добри играчи кои играат во силни европски клубови. Можеби имало и порано, но вакви резултати немало. Се се промени на подобро по пласманот на Европското првенство. Сега сакаме нов успех, да одиме и на Светско првенство“, вели Аријан Адеми.
Тој верува дека Македонија може рамноправно да се носи и во баражот за некоја од селекциите кои се носители.
„Елмас и Костадинов нема да можат да играат, а ни значат многу. Ќе биде многу тешко, но јас сум оптимист. По ЕП може да се пласираме и на СП во Катар. Ни претстојат два многу тешки натпревари. Ние не сме фаворити, ќе мора да одиме на гостински терен во полуфиналето против сигурно силен противник. Ќе биде тешко, но секако е можно. Се надевам дека ќе бидам здрав и подготвен за тие два решавачки натпревари“, истакнува капитенот на Динамо Загреб.
На 26 ноември Македонија ќе ги дознае и противниците во баражот за СП во Катар.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski