Младиот македонски фудбалер Абиола Бамијоко е нов член на данскиот второлигаш Сондерјиске. Дефанзивецот им се придружува на Иван Николов и на Сефер Емини, кои настапуваат за овој дански тим.
Бамијоко има македонско државјанство и игра за селекцијата на Македонија до 19 години, иако е роден во Хелсинки.
Тој настапуваше за младинските категории на Хелсинки, а потоа и за младинскиот состав на калчолигашот Сампдорија.
„Пресреќен сум. Имам шанса да бидам дел од екстра амбициозен клуб, кој што со традиција вложува во млади играчи и им дава сериозна минутажа. Убеден сум дека сум на вистинското место, и во клуб во кој што ќе можам да напредувам максимално. Голема благодарност до мојот менаџер Александар Бајевски и неговата агенција АБ9 спорт менаџмент за овој трансфер. Ветувам дека ќе работам максимално ангажирано и дека ќе се наметнам многу брзо во новиот тим, а потоа со добри игри и настапи ќе стигнам и до А репрезентацијата на Македонија“, изјави Абиола Бамијоко.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski