
Манчестер Сити го совлада Лајпциг со 1-3 на гости во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Европскиот шампион играше во комбиниран состав, а во тимот беше и 18-годишниот Рико Луис. Младиот фудбалер со својата игра го воодушеви својот менаџер Пеп Гвардиола.
„Каков играч. Неверојатно, извонредно. Има 18 години, а може да игра на четири, пет позиции, не се плаши, одличен е во одбраната. Јас сум тренер 15 години, тренирав неверојатни играчи, но ова е најдоброто со кое сум работел“, изјави Гвардиола.
Рико Луис е роден во Манчестер и израснал во младинската академија на Сити, а во ноември ќе наполни 19 години.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
Нови Пазар го претстави Јован Манев како ново засилување
