
Капитенот на француската репрезентација, Килијан Мбапе, се пожали на повреда поради кој не настапи на тестот против Германија. Напаѓачот остана меѓу резервите и неговото отсуство од стартниот тим беше оценето како големо изненадување.
По натпреварот селекторот Дидие Дешамп објасни за што се работи.
„Килијан се пожали на воспаление на пателарната тетива. Бидејќи тој не можеше да го стартува мечот, воопшто немаше смисла потоа да го внесеме во игра. Не би ризикувал на еден таков пријателски меч“, изјави Дешамп.
Пред една недела, играчот на Пари Сен Жермен одигра цели 90 минути во победата од 2-0 над Република Ирска во европските квалификации.
На клупско ниво оваа сезона, Мбапе има пет гола на три натпревари.
ПСЖ во следните десет дена има натпревари против Ница, Борусија Дортмунд и Олимпик Марсеј.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аталанта го купи Црногорецот Никола Крстовиќ

Евро-фудбал
Еберечи Езе доаѓа во Арсенал, Тотенхем „извиси“

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
