
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, го нарече „смешен“ односот на навивачите и медиумите кон дефанзивецот Хари Мегваер, кој си постигна автогол при контролата против Шкотска. Европските вицешампиони го добија дуелот со 3-1.
Мегваер влезе во второто полувреме и беше иронично бодрен од шкотските навивачи со секое додавање што го завршуваше.
„Искрено, односот кон него е смешен. Смешна работа. Никогаш во мојата кариера не сум видел кон некој играч да се однесуваат вака. И тука не зборувам само за навивачите на Шкотска, туку и за нашите коментатори, медиуми и за луѓето. Создадоа нешто што е апсурдно“, изјави Саутгејт по пријателскиот натпревар.
„Хари е многу важен играч во тимот кој веројатно е втор најуспешен во историјата на Англија. Неговата улога е клучна“, дополни Саутгејт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аталанта го купи Црногорецот Никола Крстовиќ

Евро-фудбал
Еберечи Езе доаѓа во Арсенал, Тотенхем „извиси“

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
