Фудбалската репрезентација на Македонија утре (15 часот) го отвора новиот циклус во Лигата на нации, а репрезентативците размислуваат само за победа. Новата „реалност“ и играњето без публика тешко ќе може да се надополни, но на фудбалерите не им недостигаат мотиви.
„Се наоѓаме во специфичен период, но фокусирани сме само на тоа што го имаме на располагање и во каква форма и утре ќе истрчаат на терен оние кои се најподготвени и кои ќе ни ја донесат посакуваната победа. Ерменија дојде со комплетно нов состав и со нов селектор. Но ги анализиравме и ние мислиме само на победа. За нас и во оваа Лига Ц остануваат амбициите за прво место во групата, без разлика на тоа што во октомври не очекува важен натпревар со Косово од полуфиналето на баражот за пласман на ЕП. Но, ние одиме од натпревар на натпревар, сега мислиме на Ерменија и Грузија, на кои мечеви сакаме победа. А потоа продолжуваме понатаму. Иван Тричковски отпаѓа за мечот со Ерменија поради повреда“, изјави селекторот Игор Ангеловски.
Стефан Ристовски вели дека репрезентативците нема да бараат алиби поради ситуацијата и ќе атакуваат на победа против Ерменија.
„Минавме низ тежок период поради корона кризата, но нема алиби и одиме максимално на утрешниот дуел да дојдеме до победа. Ќе ни недостасува публиката. Ние со игрите претходните години успеавме да ја вратиме на трибините, сега ќе ни недостасува но ние мора да ги прифатиме тие услови и ќе одиме на победа“, истакнува Стефан Ристовски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski