Под сосема нови услови, по речиси една година пауза од репрезентативен фудбал поради пандемијата на коронавирусот, под посебни здравствени протоколи адаптирани на некое „ново нормално“, фудбалската репрезентација на Македонија денеска од 15 часот на националната арена „Тодор Проевски“ ја стартува новата сезона во Лигата на нации.
Игор Ангеловски и неговите избраници, по минатогодишното освоено прво место во групата од Д лигата, сега едно скалило погоре во Лигата Ц повторно со истите амбиции – прво место во групата и пласман ниво повисоко.
„Се наоѓаме во специфичен период, јасно е дека сета оваа пауза остави трага но за нас и сега остануваат истите цели и амбиции како претходно. За нас и во оваа Лига Ц остануваат амбициите за прво место во групата, без разлика на тоа што во октомври не очекува важен натпревар со Косово од полуфиналето на баражот за пласман на ЕП. Но, ние одиме од натпревар на натпревар, сега мислиме на Ерменија и Грузија, на кои мечеви сакаме победа. А потоа продолжуваме понатаму. Сигурен сум дека сите кои ќе истрчаат на терен против Ерменија ќе го дадат максимумот за да дојдеме до посакуваните три бода против Ерменците“ – вели селекторот Игор Ангеловски.
Сосема еднакво е размислувањето и на дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски…
„Минавме низ тежок период поради корона кризата, но нема алиби и одиме максимално на утрешниот дуел да дојдеме до победа. Ќе ни недостасува публиката. Ние со игрите претходните години успеавме да ја вратиме на трибините, сега ќе ни недостасува но ние мора да ги прифатиме тие услови и ќе одиме на победа“ – истакнува Стефан Ристовски.
ЛИГА НА НАЦИИ – Лига Ц (ГРУПА 2)
Скопје: МАКЕДОНИЈА – Ерменија (15 ч.)
Талин: Естонија – Грузија (18 ч.)
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski