
Иван Тричковски и Кире Ристевски поради повреда нема да бидат во комбинација за настап на натпреварот во Тбилиси против Грузија, кој Македонија го игра во вторник (8. септември) во 2. коло од Лигата на нации.
Напаѓачот во македонската репрезентација, Иван Тричковски има поголем хематом на левата надколеница (m. Vastus lateralis), додека дефанзивецот Кире Ристевски има истегнување и хематом на адукторот на десниот бут поради што нема да биде во можност за настап на натпреварот, и нема да патува со екипата за Грузија.
Претходно, како што е познато, од првичниот список уште пред дуелот со Ерменија отпаднаа голманот Столе Димитриевски и фудбалерот од средниот ред, Даниел Аврамовски.
Натпреварот меѓу Грузија и Македонија од 2. коло во групата Ц од Лига на нации се игра во вторник со почеток од 18 часот во Тбилиси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А

Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Залевски од Рома

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Арсенал ќе доведе засилување од ПСЖ?

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?
