
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 16 години во контролен дуел против Косово во рамките на УЕФА развојниот турнир успеа да слави убедлива победа со 5-1.
Избраниците на селекторот Дашмир Беари на стадионот Албена одиграa феноменален натпревар, во целост го надиграа својот противник и заслужено се радуваа на убедлива победа.
Един Етоски во 43. минута го отвори резултатот на денешната средба. Адми Латифи на самиот старт на второто полувреме успеа да го затресе противничкиот гол и да ја зголеми нашата предност. Две минути беа доволни Македонија да постигне уште еден гол, трет во мрежата на Косово. Един Етоски се најде на вистинското место и го матираше противничкиот голман, постигнувајќи го својот втор гол на денешниот меч.
Капитенот Стефан Младеновски го постигна четвртиот погодок за нас во 77. минута. Минута подоцна истиот играч погоди за убедлива предност на Македонија од 5-0.
Косово до крајот на мечот успеа само да го ублажи триумфот на Македонија, за конечен резултат 5-1.
Македонија: Давид Илоски, Хисар Али, Кристијан Ѓоргиевски, Горјан Груевски, Артан Исмаили, Марко Киш, Стефан Младеновски, Албион Муслиу, Игор Ристов, Емир Саботиќ, Беркај Шаини;
Селектор: Дашмир Беари;

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе

Евро-фудбал
Милан ги мерка Николас Џексон и Жан-Филип Матета
