
Напаѓачот на Ливерпул, Луис Дијаз, ќе биде надвор од терените од шест до осум недели поради повредата што ја заработи на неделното дерби со Арсенал, објавија медиумите на Островот. Колумбиецот се повреди во првото полувреме на „Емирати“ и ја напушти играта.
Ова значи дека тој нема да биде достапен за преостанатите натпревари до почетокот на Светското првенство (20 ноември – 18 декември) и ќе може да се врати најрано на „Боксинг Деј“ кога ќе продолжи првенството.
Тоа е уште еден удар за „црвените“, кои веќе забележаа неубедлива серија резултати, што ги остава на 14 бода од врвот во Премиер лигата.
Луис Дијаз е еден од ретките играчи во форма, со четири гола и три асистенции во досегашниот дел од сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
