Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години го одигра првиот од двата предвидени контролни натпревари против соодветната селекција на Албанија. Контролната средба беше одиграна на стадионот на ФК Караорман во Струга. Македонија и Албанија одиграа нерешено 3-3.
Видовме натпревар со отворена игра, напаѓачки фудбал и шест погодоци. Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ може да жалат за пропуштената победа. Нашите млади фудбалери водеа со 3-1 до пред самиот крај на средбата. Противникот успеа да се спаси од пораз, постигна два гола во самиот финиш по наши грешки и пад на концентрација.
Головите за Македонија ги постигна Мухамед Елмас, Андреј Велков и Алтин Али.
Вториот контролен меч овие две селекции ќе го одиграат во среда во 16 часот, во Елбасан, Албанија.
Македонија: Славе Вргов, Фљакрон Мемиши, Андреј Велков, Андреј Љубевски, Никола Стојковски, Алмир Подграѓа, Мухамед Елмас, Мартин Јовановиќ, Алтин Алији, Никола Манојлов, Нуман Ајетовиќ;
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













