
Младата репрезентација на Македонија до 15 години славеше победа со 5-1 над соодветната селекција на Ерменија во рамките на првото коло од УЕФА развојниот турнир за фудбалери родени 2008 година што се одржува во Скопје.
На тренинг центарот „Петар Милошевски”, видовме интересен прв дел со многу борба, трчање и отворена игра на двете страни. Македонија преку Стефан Бујаровски прва постигна гол во 9. минута. Противникот во 20. минута успеа да се врати во игра и да го израмни резултатот. Извонреден погодок од далечина постигна Гаспаријан. Шест минути подоцна Александар Грашевски во една одлична соло акција и прецизен удар успеа да и донесе предност на Македонија од 2-1.
Во второто полувреме, Македонија продолжи да игра отворено, создаваше шанси и беше подобар противник, целосно надигрувајќи ја селекцијата на Ерменија. Избраниците на селекторот Раде Каранфилоски не отстапија од својот стил на игра и сосема заслужено постигнаа и трет погодок.
Стрелец на третиот погодок за нашите млади фудбалери беше Стефан Бранковски. Истиот играч успеа уште еднаш да се запише во листата на стрелци зголемувајќи го резултатот на 4-1. Давид Ангелевски со ефектен погодок од далечина ги постави конечните 5-1.
Во рамките на првиот натпревар од денешната програма, Косово издвојува победа на Малезија по подоброто изведување на пенали. Во регуларниот дел од средбата, резултатот беше 2-2.
На 7. септември во второто коло Македонија од 16 часот ќе игра против Малезија. Во 11. часот играат Ерменија и Косово.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
