Connect with us

МАКФУДБАЛ – НАЈДОБАР ИГРАЧ НА 25.КОЛО: АРМЕНД АЛИМИ (ШКЕНДИЈА)

Шкендија се разигра, потсети на шампионските денови со изданието против Победа (5-2), а со играта диригираше капитенот Арменд Алими. Тој го отвори резултатот веќе во петтата минута, а потоа ‘царуваше’ на средината на теренот. Во изборот на МАКФУДБАЛ е прогласен за најдобар играч во 25.коло од Првата фудбалска лига. 

„Голема чест е кога специјализиран фудбалски медиум ќе те прогласи за најдобар во изминатото коло. Тоа значи дека навистина си оставил одличен впечаток. Среќен сум и поради мојата игра, но пред се за одличното издание и убедливиот триумф на Шкендија. Конечно заигравме како што знаеме и умееме. Претходно како да бевме во некаков грч, но сега се чини дека се си дојде на вистинското место. Бевме максимално мотивирани против Победа, создадовме голем број шанси и постигнавме пет гола“, изјави Арменд Алими за МАКФУДБАЛ. 

Во следното коло, в среда, Шкендија гостува во Струмица и ќе ги одмери силите со тимот на Академија Пандев. 

„За нас секој натпревар е подеднакво важен, се подготвуваме и му приоѓаме максимално одговорно. Веруваме дека можеме да стигнеме до позитивен резултат, а крајната цел е одбрана на шампионската титула“, истакна капитенот на Шкендија.                       

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови