Еден од клучните играчи на Арсенал, Габриел Магалјаеш, се повреди при синоќешната победа на тимот со 2-1 над Фулам и речиси сигурно ќе го пропушти важниот прв натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Бразилецот беше заменет во второто полувреме, а се претпоставува дека има повреда на тетивата на потколеницата. Ако овие прогнози се потврдат, тој ќе отсуствува до крајот на сезоната и ќе ги пропушти двата меча против Реал во Лигата на шампионите.
Друга лоша вест за Артета беше што и Јуриен Тимбер го напушти теренот по медицински проблеми неколку минути по повредата на Магалјаеш. Повредата на холандскиот фудбалер изгледаше помалку сериозна од онаа на Габриел, но допрва ќе треба да се утврди сериозноста и времето потребно за опоравување.
Се очекува фудбалери да поминат медицински прегледи денес и утре, а најдоцна до петок да има повеќе информации за нивната ситуација и можноста за нивно отсуство.
Арсенал ќе игра против Евертон во сабота, а во вторник го игра првиот дуел против Реал Мадрид во ЛШ.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













