Македонскиот прволигаш Гостивар се раздели со уште еден фудбалер по поразот од Воска Спорт (0-2). Раскината е соработката со крилниот напаѓач Алдаир Џало. Тој беше едно од засилувањата кои требаа да направат разлика оваа сезона во Првата македонска лига, но, не успеа да се наметне.
Алдаир одигра 21 натпревар за Гостивар и постигна четири гола.
Претходно, Гостивар ја раскина соработката и со Марко Симоновски и со Константин Чешмеџиев.
И покрај шпекулациите за заминување на тренерот Мерт Нобре, тој се уште е предводник на Гостивар.
Во следното коло гостиварци гостуваат кај Беса – во Гостивар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













