Челси го победи Тотенхем во лондонско дерби на „Стемфорд Бриџ“ со 1-0 и се врати на четвртото место на табелата во Премиер – лигата. Мечот, кој траеше повеќе од сто минути заедно со судиското продолжение, беше вистинска битка, а домаќинот дојде до победата благодарение на голот на Енцо Фернандес во 50. минута.
Кол Палмер одлично нафрли од левата страна, а аргентинскиот фудбалер се најде на вистинското место и со удар со глава ја погоди мрежата на Тотенхем.
До крајот на мечот беа постигнати уште два гола, но ниеден не беше признат по интервенција на ВАР. Каиседо постигна гол за Челси, но беше досуден офсајд, додека Папе Сар ја затресе мрежата на Челзи, но претходно беше досуден прекршок при започнувањето на акцијата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













