Директорот на Манчестер Јунајтед, Џејсон Вилкокс, составил листа од пет играчи кои би можеле да го заменат Бруно Фернандеш, доколку португалскиот плејмејкер го напушти „Олд Трафорд“ на крајот од сезоната.
На списокот се наоѓаат следните имиња: Еберечи Езе, Морган Гибс-Вајт, Микел Дамсгар, Оскар Глук и Чави Симонс.
Шпекулациите за заминувањето на Бруно Фернандеш се зголемија откако Реал Мадрид изрази интерес и наводно планира да понуди 90 милиони фунти за негов трансфер.
Фернандеш, кој пристигна од Спортинг Лисабон за околу 60 милиони евра, досега одигра 278 натпревари за Манчестер Јунајтед, постигна 95 голови и запиша 82 асистенции.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, решително ја отфрли можноста за негово заминување ова лето, нагласувајќи ја неговата важност за тимот и истакнувајќи дека играчот е среќен на „Олд Трафорд“. Сепак, нема да зависи само од ставот на Рубен Аморим.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона
Евро-фудбал
Јувентус тргна по потписот на Франк Кеси
Евро-фудбал
ПСЖ го претстави Лукас Дињ како нова аквизиција













