Ливерпул направи значителен напредок во преговорите со Мохамед Салах за продолжување на неговиот договор, кој истекува ова лето. Според информациите од Островот, клубот е оптимист дека ќе постигне договор со египетскиот напаѓач, и покрај интересот од Саудиска Арабија и други европски клубови. Во најава е двегодишен договор.
Се шпекулира дека заминувањето на Трент Александер-Арнолд во Реал Мадрид може да има влијание врз преговорите со Салах. Се верува дека намалувањето на платниот список по заминувањето на Александер-Арнолд ќе овозможи Ливерпул да ги исполни финансиските барања на Салах.
Во исто време, капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, изрази желба да остане на „Енфилд“ и верува дека може да игра на највисоко ниво уште најмалку четири години. Неговиот договор исто така истекува на крајот на сезоната, и се очекува клубот да започне преговори за негово продолжување.
Во меѓувреме, Ливерпул продолжува со силни настапи во Премиер – лигата, со цел да ја осигура титулата оваа сезона и синоќа го победи Евертон на „Енфилд“ со 1-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Фулкруг го разби бункерот на Лече
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Лео Меси откри каде ќе ја заврши кариерата
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг













