Нигерискиот интернационалец Виктор Осимен го одбил Јувентус и најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Премиер – лигата. Тој во моментот игра како позајмен играч во турскиот клуб Галатасарај, но треба да се врати во Наполи по завршувањето на сезоната.
Иако Јувентус бил подготвен да ја плати откупната клаузула од 75 милиони евра, нигерискиот напаѓач не бил убеден од проектот на „старата дама“ и одлучил да не ја прифати понудата.
Според италијанските медиуми, Осимен во моментов е најблиску до трансфер во Англија, каде што Манчестер Јунајтед, Арсенал и Челси се главните фаворити за неговиот потпис.
Не се исклучува ниту можноста да замине во ПСЖ или Баерн Минхен, но англиските клубови се во предност во трката.
Овој потег сигурно ќе му донесе поголем респект од навивачите на Наполи, бидејќи за разлика од Гонзало Игуаин, кој во 2016 година направи трансфер во Јувентус, Осимен одлучи да не игра за ривалот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно













