Во Белград денеска се одржа 49. Конгрес на Европската фудбалска Асоцијација, УЕФА, аФудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја претставуваа претседателот Масар Омерагиќ, генералниот сектретар, Леонид Јандреоски и неговиот заменик, Дрилон Ганиу.
Конгресот на УЕФА ги собра челниците на европскиот и светскиот фудбал, многу гости од светот на фудбалот и од различни сфери на општественото живеење.

Во Белград, првите луѓе на европскиот фудбал разговараа за иднината на европскиот и светскиот фудбал. Во својот говор, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, истакна зошто основните вредности на европскиот фудбал – единство, солидарност и тимска работа – се поважни од кога било во се поделениот свет.

„Ние сме обединет тим. Обединета сила и моќен сојуз.Европскиот фудбал мора да продолжи да биде модел на единство во сè поделениот свет.
Денеска стоиме овде заедно не затоа што сме исти, туку затоа што ја делиме истата страст за фудбалот. Ние не сме само љубители на играта, туку тука сме како луѓе кои се одговорни за иднината на фудбалот, кој е огледало на општеството. Зад нас е брилијантното ЕУРО 2024, кое беше фестивал на заедништво, натпреварувачки дух и радост.
Политиката може да гради ѕидови, но фудбалот гради мостови. Каде и да се свртиме денес, гледаме поделби. Кога го слушаме тоа секој ден, лесно е да поверуваме. Но, оваа поделба е илузија, тактика што ја користат оние кои сакаат да не поделат, за политичка или финансиска корист. Но, на таквите луѓе одговараме со еден глас. Европскиот фудбал мора да остане модел на заедништво, така и ќе остане. Ние почитуваме, градиме, поттикнуваме, поврзуваме, тоа е нашата мисија на која сме посветени.
Сакам да им се заблагодарам на сите национални асоцијации бидејќи вие сте столбот на европскиот фудбал. Фудбалот не ветува совршен свет, но ни покажува што е можно кога играме еден за друг“.
На Конгресот во Белград гостин беше и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
„Секогаш ми е чест да зборувам на Конгресот на УЕФА, каде што работев долги години и се обидувам да го применам она што го научив од успешниот европски фудбал. Денеска би сакал да се фокусирам на три теми. Првата е заедништвото, бидејќи фудбалот ги обединува луѓето. Секогаш треба да го користиме фудбалот за да ги обединиме луѓето и нациите, особено во денешниот свет. На домаќинот Швајцарија му посакувам успешно женско Европско првенство, како и на УЕФА и на сите учесници. Мора да се стремиме да инвестираме уште повеќе во женскиот фудбал, ова треба да биде ваш и наш приоритет“, нагласи Џани Инфантино.
На 49. Конгрес беше избран составот на новиот Извршен одбор на УЕФА и беа усвоенифинансиските извештаи, како и ревизорскиот извештај за финансиската 2023/24 година и прифатениот финансиски план за финансиската 2025/26 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













