Connect with us

МАКФУДБАЛ – Тим на 33. коло!

Изминатово 33. коло од Првата македонска фудбалска лига ја донесе Беласица поблиску до опстанокот по триумфот и над Ренова. Тешка ќе биде битката за Силекс кој ремизираше со Шкендија. Во дербито на колото Вардар и Работнички ги поделија бодовите.

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 33. коло во Првата лига. 

1. МАРКО ЈОВАНОВСКИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)

Квалитетен натпревар за Јовановски кој не дозволи погодок во сопствената мрежа на дуелот против Шкупи. Сигурен, без посериозни проблеми во одбрана на својот гол.

2. ТОМИСЛАВ ИЛИЕВ (АК. ПАНДЕВ)

Одлична партија на десниот бек иако „пандевци“ и немаа посериозна задача против Победа. Во триумфот од 4-0 учествуваше и со погодок.

3. КОСТА МАНЕВ (ВАРДАР)

Сигурен во дефанзивните задачи. Вардаровата одбрана и немаше некоја претешка задача на дуелот со Работнички, но кога беше најпотребно главно без грешка во дефанзивата.

4. ХРИСТИЈАН ГРОЗДАНОСКИ (СИЛЕКС)

Цврст, максимално борбен во дефанзивата на тимот кој издржа до реми на тешкото гостување против Шкендија во Тетово.

5. АЛЕКСАНДАР МИЛУШЕВ (БЕЛАСИЦА)

Во клучен момент стрелец за струмичани за пресврт победа против Ренова со која Беласица ја продолжува битката за опстанок.

6. ЉУПЧЕ ДОРИЕВ (АК. ПАНДЕВ)

Капитенот повторно еден од најзабележителните во тимот на Академија Пандев, стрелец и на гол во триумфот од 4-0.

7. ДЕЈАН ТАНТУРОВСКИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)

Творецот на победата на Македонија ЃП против Шкупи со која „лавовите“ се издвоија од дното на табелата.

8. ДАРКО МИЦЕВСКИ (ВАРДАР)

Повторно квалитетна партија на Мицевски. Постигна убав погодок за реми на својот тим на дербито против Работнички.

9. ПЕПИ ГЕОРГИЕВ (БЕЛАСИЦА)

Струмичани го слават Пепи Георгиев кој во последните секунди од натпреварот постигна супер-гол за триумф на Беласица против Ренова.

10. АЛЕКСАНДАР МИШОВ (АК. ПАНДЕВ)

Расположен за игра на дуелот против Победа. Стрелец и на еден гол во убедливата победа од 4-0.

11. ПЕТАР ПЕТКОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)

Максимално активен во офанзивата на својот тим. Го постигна и единствениот гол за „романтичарите“ на дуелот против Вардар.

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: АЛЕКСАНДАР ТАНЕВСКИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)

Македонија ЃП веќе сигурно чекори кон опстанокот во прволигашкото друштво. Таневски одлично го води тимот сезонава. „Лавовите“ мудро со трпелива игра стигнаа и до посакуваната победа против Шкупи, која носи дополнителен мотив и за секој поединец во составот и пред финалето од Купот на Македонија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови