
Германскиот првак Баерн Минхен сака најмалку 60 милиони евра за да го продаде својот голгетер Роберт Левандовски на Барселона, објави „Скај Германија“. Минатата недела каталонците упатија понуда од 40 милиони евра, но Баерн инсистираше дека напаѓачот не е на продажба, иако има само уште една година од договорот.
Како што е познато, Полјакот веќе јавно ја објави намерата да го напушти Баерн во потрага по нов предизвик, а Барселона е негов избор, бидејќи нема финансиски мотив во неговата одлука да не го продолжи престојот на „Алијанц арена“.
Левандовски би сакал да се пресели во Барселона ова лето, наместо да чека да стане слободен агент. Сепак, не се знае каков ќе биде одговорот на каталонскиот клуб на оваа огромна сума што ја бара Баерн Минхен, со оглед дека фудбалерот влегува во последната година од соработката.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal