
Њукасл се договори со испаднатиот Барнли за трансферот на голманот Ник Поуп, кој на тој начин ќе продолжи да игра во Премиер – лигата. Се очекува чуварот да ги мине лекарските прегледи, по што зделката ќе биде финализирана. „Чавките“ ќе платат околу 10 милиони фунти за играчот.
На „Сент Џејмс Парк“, Поуп ќе се бори со Мартин Дубравка за позицијата стартер на голот и се надева дека ќе игра повеќе за да остане со шанси да биде дел од репрезентацијата на Англија за Светското првенство.
Поуп беше дел од Барнли во последните шест сезони, кога тимот беше во англиската елита и бранеше одлично станувајќи еден од најдобрите на својата позиција.
Голманот сигурно нема да биде последното ново засилување на Њукасл, откако клубот ги продолжи преговорите за привлекување на Свен Ботман и Хуго Екитике, а со Њукасл се поврзуваат и Лукас Пакета од Лион, Муса Дијаби од Баер Леверкузен и Исмаила Сар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal