Connect with us

Баерн Минхен го претстави Садио Мане: Отсекогаш сум го сакал овој клуб

Садио Мане и официјално е нов фудбалер на Баерн Минхен. Баварците денеска го промовираа големото засилување.


Мане доаѓа од Ливерпул и потпиша договор до 2025 година.

„Среќен сум што конечно ќе играм во Баерн Минхен. Имаше голем интерес од овој клуб и во минатото, и за мене сега немаше дилеми. Мислам дека е вистинско време за овој предизвик. Сакам да освојам се со овој клуб, како во Германија, така и во Европа. Додека бев во Салцбург, гледав многу натпревари на Баерн. Навистина, го сакам овој клуб“, изјави Мане.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови