Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година загуби убедливо (4-0)од Украина во Истанбул, во последниот меч од квалификацискиот циклус за ЕП 2023. Избраниците на селекторот Драги Канатларовски се држеа повеќе од еден час, но потоа набрзина примија четири гола.
Богдан Вјуник во 69.минута го отвори резултатот, а две минути подоцна Хеорхи Судаков зголеми на 2-0. Третиот и четвртиот гол ги постигна Владислав Ванат во 85.минута од мечот и во судиското продолжение.
Standings provided by SofaScore LiveScore
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement