
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска (17 часот, комплекс на ФФМ) ја пречекува Ерменија во претпоследниот меч од квалификацискиот циклус за пласман ЕП 2023 во Романија и Грузија. Тоа е шанса за победа и барем малку да се поправи впечатокот во завршницата од квалификациите.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски се оптимисти и најавуваат добра игра и позитивен резултат.
Голманот на штипска Брегалница и еден од нашите најдобри поединци на младиот национален тим овој квалификациски циклус, Давид Денковски ги сподели своите очекувања.
„Атмосферата во тимот е добра. Не очекуваат последните два натпревари од овој квалификациски циклус кои ќе ги играме со посебни емоции. Сакаме да ја завршиме нашата приказна како што треба, со победи и да оставиме добар впечаток за крај. За мене и за повеќето играчи кои се родени 2001 година ова ќе биде последен циклус во селекцијата до 21. Се надевам дека следните генерации ќе успеа да оставара поголем успех од нас. Првиот меч против Ерменија го играме дома, фокусирани сме целосно на тој натпревар, сакаме да оствариме победа, бидејќи играме пред нашите навивачи и семејства. Последниот меч од квалификациите играме против Украина, се работи за добар и квалитетен национален тим со одлични индивидуалци, но ние сакаме да оствариме добар резултат и на тој меч”, изјави Давид Денковски.
Македонија се наоѓа на претпоследното место во групата Х со 6 бода, додека Ерменците се последни со три освоени бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
