
Фудбалската репрезентација на Украина вечерва го игра првиот плеј-оф натпревар за пласман на Светското првенство. Емоциите на Украинците во пресрет на дуелот со Шкотска се измешани. Во периодот кога во државата беснее војна по инвазијата на Русија, фудбалерите на Украина ќе се борат за пласман на мундијалот.
“Тешко е, не можеме да мислиме на фудбал кога нашиот народ е тероризиран и во нашата земја беснее војна. Само сакаме да престане војната. Но, максимално сме мотивирани да истраеме и да направиме ново херојско дело за да го израдуваме барем малку нашиот народ. Слава на Украина”, изјави во солзи Олександр Зинченко.
Дуелот меѓу Шкотска и Украина се игра вечерва на “Хемпден парк”.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
