Реал Мадрид синоќа по 14. пат во својата историја успеа да го освои трофејот во Лигата на шампионите. Во финалето во Париз, „кралевите“ успеаја да го совладаат Ливерпул со 1-0, со голот на Винисиус Жуниор.
„Кралскиот клуб“ на неверојатен начин стигна до трофејот во Лигата на шампионите, бидејќи пред испаѓање беше неколку пати, дури и во нокаут фаза, а на крајот стигна и до тронот на Европа.
Еден Азар, кој пред три години пристигна од Челси за 120 милиони евра, го освои првиот пехар во Лига на шампиони во кариерата, но не играше многу поради честите повреди.
Иако на крајот беше подготвен за финалето, Азар не доби шанса за настап, но тоа не го погоди премногу. Белгиецот синоќа славеше бидејќи конечно успеа да ја освои Лигата на шампионите.
Се славеше и на „Стемфорд Бриџ“ бидејќи Челси ќе заработи екстра пари откако Азар ја освои Лигата на шампионите со „кралскиот клуб“.
Синоќа беше активирана клаузула во договорот на Азар, поради која Реал Мадрид на Челси ќе треба да му плати 17 милиони евра. Клаузулата е јасна, а тоа е дека Реал мора да плати одредена сума на Челси во случај Азар со „кралевите“ да ја освои Лигата на шампионите.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski