
Тони Крос вчера даде изјава на теренот веднаш по освојувањето на новата титула во Лигата на шампионите со Реал Мадрид, дури 14. во историјата на шпанскиот клуб.
Германскиот играч за врска реагираше нервозно на прашањата на германските новинари.
„Дали бевте изненадени што Ливерпул доминираше во играта?, праша еден германски телевизиски новинар, осврнувајќи се на огромниот број ситуации во кои Реал се спасуваше додека ја бранеше предноста од 1-0, но Крос изненади со одговорот.
„Имавте 90 минути да сфатите што да прашате по натпреварот и успеавте да смислите две п*срани прашања како ова. Две негативни прашања, веднаш е очигледно дека сте германски новинар, нема дилема околу тоа“, одбруси Тони Крос.
Ich liebe Toni Kroos für diese Aktion #LIVRMA #UCLfinal pic.twitter.com/eqapgkt5KJ
— Hoffelini (@hoffelini) May 28, 2022

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
