
Финалето од Лигата на шампионите доцнеше точно 36 минути бидејќи илјадници навивачи на Ливерпул не успеаја навреме да влезат на стадионот во Париз поради организациски хаос на влезовите.
Навивачите со билети чекаа во долги редици со часови. Имаше верзија на приказната според која имало проблеми со читањето на QR кодовите на билетите, но и дека луѓе кои немале билети се обиделе да влезат на стадионот.
УЕФА се огласи како организатор, а во соопштението на водечкото тело на европскиот фудбал вината се префрла и на навивачите, на оние кои имале лажни билети. УЕФА тврди дека го блокирале влезот на стадионот и направиле хаос околу него. Ливерпул, сепак, излезе со соопштение.
„Разочарани сме од проблемите со влегувањето на стадионот и рушењето на безбедносните бариери на кои навивачите на Ливерпул наидоа на стадионот. Ова е најголемиот натпревар во европскиот фудбал и навивачите не треба да ги доживеат сцените што ги видовме. Официјално побаравме истрага која ќе ги открие причините за овие неприфатливи проблеми“, се вели во соопштението.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
