Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на почетокот на јуни ќе ги одигра двата последни натпревари во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2023 во Романија и Грузија.
Во првиот дуел од јунските квалификации, во Скопје гостува незгодната селекција на Ерменија. Натпреварот од 9. коло во групата Х од квалификациите, Македонија и Ерменија ќе го одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски”, на 2. јуни, со почеток од 17 часот.
Еден од најдобрите поединци на Работнички во завршената сезона во ПМФЛ и фудбалер кој се очекува да блесне во дресот на младата селекција во следниот квалификациски циклус, Методи Максимов даде свое видување и анализа за претстојните предизвици на младиот национален состав.
„Оваа селекција на Македонија поседува квалитет, можевме да освоиме многу повеќе бодови, одигравме неколку меча под нашето ниво, реално можевме да се бориме за многу поголеми цели. Овој квалификациски циклус имаше и свои позитивни работи, одигравме неколку одлични натпревари, против незгодни селекции како Ерменија и Украина. На мечот со Ерменија постигнав погодок, а Македонија славеше победа, се надевам дека одличната игра на тој меч ќе можеме да ја повториме и на 2. јуни пред домашните навивачи. На натпреварот со Ерменија ќе пристапиме со една единствена цел, а тоа е победа на домашен терен. Мораме да бидеме максимално сконцентрирани во текот на сите 90 минути, да ја посакуваме победата и да се бориме за секоја топка. Тоа од нас го бара дресот со национален грб, се надевам дека ќе се претставиме во одлично светло и на вистински начин да ги завршиме овие квалификации. Се надевам дека на двата последни меча од квалификациите ќе одиграме најдобро како што знаеме и умееме“, изјави Максимов.
Во првиот дуел од квалификациите, во рамките на групата Х, одигран во Ереван меѓу овие две селекции, Македонија славеше победа со 2-1, благодарение на погодоците на Марко Ѓорѓиевски и Методи Максимов.
Нашите млади фудбалери вчера во хотел Парк го имаа собирот со кој официјално го означија стартот на подготовките за квалификациските натпревари против Ерменија и Украина.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski