Connect with us

Анчелоти: Како победуваме? Можеби историјата вмешува прсти…

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше исклучително среќен по победата од 3-1 во реваншот со Манчестер Сити во полуфиналето од Лигата на шампионите. „Кралскиот клуб“ направи неверојатен пресврт на крајот од мечот и во продолжението за пласман во финалето. Италијанецот смета дека историјата на клубот е факторот кој помага во вакви натпревари.


„Не би рекол дека сме навикнати да победуваме на овој начин. Тоа што се случи вечерва се случи и против Челси и Пари Сен Жермен. Ако ме прашувате зошто, можеби причината е историјата на нашиот клуб, која ни помага да продолжиме со борба, дури и кога битката се чини дека е изгубена. Можеби историјата вмешува прсти. Натпреварот беше при крај, но успеавме да ја искористиме последната капка енергија што ни остана. Одигравме добар натпревар против силниот противник. Откако успеавме да израмниме, во продолжението ја имавме психолошката предност. Среќни сме. Среќни сме што се пласиравме во финалето во Париз, каде ќе се сретнеме со уште еден сериозен противник. Но, навикнати сме на тоа. Нè очекува уште една фантастична фудбалска вечер”, изјави Карло Анчелоти.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови