По трилерот против ПСЖ и Челси, Реал Мадрид успеа да приреди нов спектакл и со неверојатен пресврт против Манчестер Сити обезбеди финале во Лигата на шампионите.
Кога се чинеше дека се е загубено, Родриго со два гола во финишот од мечот обезбеди продолженија, а потоа Карим Бензема од пенал донесе победа и пласман во финалето.
Огромни заслуги одат во адреса на тренерот Карло Анчелоти, кој покажа дека е мајстор во својот занает и по подвигот за викендот кога стана првиот тренер кој освоил титули во сите „пет лиги“, стана првиот стручњак и со пет финалиња во Лигата на шампионите.
Вечер за паметење има и Родриго, кој стана првиот играч со два гола во 90. минута во нокаут натпреварите од Лигата на шампионите, а оваа вечер ќе ја памети и Бензема, кој го израмни рекордот на Кристијано Роналдо од сезоната 2016/2017, достигнувајќи 10. голи во елиминациската фаза на ова натпреварување.
Реал Мадрид ќе игра против Ливерпул во финалето на 28. мај на „Стад де Франс“ во Париз.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski