Мултимилионскиот трансфер на Нејмар од Барселона во Пари Сен Жермен е огромно разочарување за сопствениците на францускиот гигант, открива „Л’Екип“. Авторитетното издание тврди дека газдите на „Катар спортс инвестментс“ го сметаат привлекувањето на бразилскиот напаѓач за најлоша инвестиција, но, сепак, тешко дека Нејмар ќе си замине на лето.
Во 2017 година, ПСЖ го собори трансфер рекордот за сите времиња, плаќајќи 222 милиони евра за Нејмар. Со парите за платата на ѕвездата, вкупната сума потрошена за него надминува 500 милиони евра. Бразилецот веднаш потпиша спонзорски договори со „Катар Ервејс“ и со Националната банка на Катар, што беше јасен показател дека тој се смета за промотивно лице на клубот.
Но, во овој период ПСЖ не успеа да ја оствари својата голема цел – освојување на Лигата на шампионите, а Нејмар не стана вистински лидер на тимот. Бразилецот често страдаше од повреди, а и кога беше здрав често покажуваше слаба форма. Париските сопственици и денеска веруваат дека Нејмар не е доволно мотивиран и не вложува доволно напори за да се врати на максималното ниво.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Конте неочекувано си земал одмор од Наполи
Млади репрезентации
Ангелов пред дуелот со Шведска: Да извлечеме максимум од нашите можности
Евро-фудбал
Левандовски на зима ја напушта Барселона?
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













